„Кириличен поздрав“ со Јовица Михајловски според песната на Влатко Стефановски

“Кирилица“ популарниот хит на Влатко Стефановски доби нова визура преку интерпретацијата на нашиот Јовица Михајловски, специјално за настанот „Боцкаме на Кирилица“ кој се случи во КЦ Бруталиск во Скопје.

Настанот беше во организација на Трн во чест на Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, според кои е именувано нашето кирилично писмо, а кои се основоположници на глаголицата.

„Еј, Би, Си, Ди, И, Еф, Џи

Учиме странски јазици,

Но најважно од се е

А,Б, В, Г, Д, Ѓ, Е

Да не ги заборавиме,

Нашиот јазик е македонски

Нашето писмо е кирилско,

Во аманет ни е оставено пред многу векови,

За многу векови- Кирилица.“

Концептот и идејата за оваа преработка на „Кирилица“ како и за видео спотот се на Јовица Михаловски, на текст и музика на Влатко Стефановски, а музичката реализација на Бранко Тасевски – виолина, Христијан Пазарковки –хармоника, Климент Петрески- гитара и Јован Пазаркоски –контрабас.

Режијата и продукцијата се на нашиот Дениз Абдула и редакцијата на Трн.

Извор: trn.mk

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави