Search
Search

Кој ја запали платформата за набљудување на Смоларскиот водопад?

Целосно изгоре мостот видиковец пред Смоларскиот водопад, кој пред еден месец беше реконструиран преку Центарот за развој на Југоисточниот Плански Регион (ЦРЈИПР). Мештаните од Смоларе се сомневаат дека пожарот е подметнат од несовесни граѓани или посетители во текот на вчерашниот ден, или пак е резултат на невнимание, а интервенирале и да не се прошири и по Беласица.

„Некој ‘совесен’ сограѓанин ја запалил платформата на Смоларски водопад и предизвика пожар кој се прошири кон исток на Беласица. Сторителот мора да биде најстрого санкциониран, зашто ова е зло кон општеството во кое живееме. Од денеска се забранува пристап на Смоларски водопад заради безбедносни причини, се додека не биде изградена нова платформа на водопадот“, објави на Фејсбук градоначалникот на Ново Село Ѓорѓе Божинов.

Изминатиот период се уредуваше овој локалитет со пари обезбедени од ЦРЈИПР и Општина Ново Село. Се поплочи патеката со природен материјал со изведба на скали, поправка на постоечката дрвена ограда, реконструкција на постоечката платформа пред водопадот со поставување стаклен под, а беа поставени и 15 клупи за одмор, 20 корпи за отпад, патокази, инфотабли и паркинг за велосипеди.

АКТУЕЛНО