Search
Search

Која е најпродаваната видеоигра во 2023 година?

Претседателот на Warner Bros. Interactive Entertainment, Дејвид Хадаб, се осврна на видеоиграта која се продаде во повеќе од 22 милиони примероци во 2023 година.

Станува збор за видео играта Hogwarts Legacy, која со својот одличен резултат стана најпродавана игра во изминатата година.

Според Variety, околу два милиони примероци биле продадени за време на декемвриската празнична сезона. Хадаб се наврати на овој голем успех и го изрази своето задоволство од резултатот.

„Не само што сум горд на продадените единици, туку и колку тоа ги воодушеви навивачите. Го оживеавме Хари Потер на нов начин за играчите да бидат дел од овој свет, оваа приказна. И тоа е она што тимот во Avalanche започна да прави кога развива игра”, објасни тој, додавајќи: „Мислам дека затоа резонираше толку добро и останува најпродаваната игра на годината низ индустријата ширум светот. Тоа е позиција што обично ја имаат продолженијата на игрите, и многу сме горди што успеавме да се пробиеме на врвот“, изјави Хадаб за Variety.

Од лансирањето на 10 февруари, до 31 декември, Hogwarts Legacy се играше 707 милиони часа. Според Хадаб, некои обожаватели дури ја играле видео играта повеќе пати, избирајќи различни куќи во Хогвортс за да ја доживеат приказната поинаку.

 

АКТУЕЛНО