Search
Search

Кое е најубавото село во светот?

 
Светската туристичка организација (UNWTO) ја објавила својата листа на најдобри туристички села за 2023 година.
Оваа награда им оддава признание на селата кои се водечки во негувањето на руралните подрачја и зачувување на средината, културната различност, локалните вредности и гастрономската традиција. Меѓу најдобрите се нашло и едно село од регионот, поточно од Хрватска.

 

Светската туристичка организација го прогласила Слуњ од Хрватска за едно од најдобрите туристички села во светот. Во сериозната конкуренција, меѓу речиси 260 пријави од повеќе од 60 земји, бајковитото село е избрано за едно од најубавите, што е неверојатен успех.

Слуњ се нашло на листата од 54 села кое ги избрало стручното жири, што говори за посветеноста на локалните власти за одржливо и општествено одговорно делување на сите аспекти.

 

 

Подрачјето Растоке во Слуњ е познато по прекрасните водопади и средбата на реките Слуњчица и Корана, создавајќи прекрасен природен амбиент.

Интересно е да се наведе дека уште во 2018 година Слуњ било прогласено за второ најгостопримливо место според оцените на платформата „booking.com“. Тоа признание, како и оваа награда исклучително се важни затоа што даваат глобална видливост и можност за понатамошен развој.

 

 

 

 

 

 

 

АКТУЕЛНО