Search
Search

Колку е безбеден мостот Беласица? За камиони не знам, ама колите не се толку тешки вели скопјанец за Градска.мк

По четири месеци од инцидент на мостот Беласица, чија инсталација целосно изгоре, граѓаните имаат поделни мислења за пуштањето во употреба на новата структура.

Од Град Скопје минатата недела информираа дека согласно експертскиот извештај за состојбата на мостот на булеварот „Беласица“, утврдено е дека истиот нема структурни оштетувања кои ја нарушуваат безбедноста на мостот, но сепак овој документ не е јавно достапен. А според експертизата која беше објавена во јуни сепак пред официјалното пуштање потребан е санација и тест на тежината на возилата за издржливоста на мостот.

Токму затоа велат тие мостот на булеварот „Беласица“ е отворен за сообраќај само за лесни возила во двете крајни коловозни ленти, додека двете средишни коловозни ленти ќе бидат отворени во моментот на завршување на градежните работи од ЕСМ.

Од друга страна пак ЕСМ тврди дека тие ги извадиле оштетените цевки, но чекаат Градот да направи санација, по што тие ќе стават нови цевки. Рекоа дека не знаат кога ќе почне санацијата бидејќи никој не ги информирал.

Граѓаните се со поделени мислења, дел од нив сметаат дека мостот е безбеден и секој ден поминуваат по него, други пак сега дознаваат дека е пуштен во употреба, а според трети властите се Градот Скопје е виновен и упорно си игра со трпението на граѓаните и создава метежи.

-Сега првпат гледам дека е пуштен мостот и си поминав, за камиони не знам ама колите не се толку тешки, вели скопјанец за Градска.мк

Според друг граѓанин пак мостот е бзбеден бидејќи поминувале можеби 500 автомобил и не се срушил.

-Јас секој ден поминувам од тука и ништо не ми се случило-додава скопјанка.

Овој инцидент, кој создаде големи дебати и безброј прашања околу безбедноста и одржливоста на мостот, сè уште создава хаос по градот.

За некои, пуштањето во употреба на новата мостовна врска претставува напредок за и може да има позитивни ефекти на сообраќајната конекција.

Мостот Беласица изгоре во мај. Беше запалена електрична инсталација, имаше одрони од бетонот, а беше запалена и обвивката од цевководите за парно греењe. Од пожарот кој ги зафатил цевководите од  долниот дел на мостот, кој се наоѓа меѓу Железничката станица и Ист Гејт Мол, се развила висока температура, чии првични проценки се дека била над 1000 степени Целзиусови.

Редакција Градска.мк

АКТУЕЛНО