Search
Search

Колку суви дрвја останаа неисечени во Градскиот парк?

Откако минатата недела се појавија видеа на кои се гледа како од ЈП „Паркови и зеленило“сечат дрвја во Градскиот парк во Скопје, за кои граѓаните коментираа дека се здрави, Град Скопје и јавното претпријатие преку соопштение испратено до медиумите појаснија дека не се работело за здрави дрвја, туку за болни.

Но фотографии направени утрово покажуваат дека во Градскиот парк  им голем број на исушени дрвја кои не се отстранети.

Според познавачите ваквите големи, стари и исушени дрвја се опасност за минувачите и луѓето што рекреираат во паркот, особено кога времето е нестабилно со силни ветрови и поројни дождови како што е во овој период.

Извор: 24 инфо

АКТУЕЛНО