Фото Драган Мишев

Колку светла му фалат на автобусот на ЈСП?

Според информациите со кои расплага директорот на ЈСП, Драги Кушовски, во моментов на улица нема неисправни автобуси на градското претпријатие. Така вели во интервју за ТВ Телма, кое доаѓа во месец во кој еден градски автобус се запали, друг се излизга на жардиниера, синдикатот обвини дека во промет се пуштаат неисправни возила, а редакцијата на „360 степени“ објави две истражувачки стории – дека е истечено каско осигурување за возилата на ЈСП и дека повеќето автобуси на ЈСП немаат целосно исправна светлосна сигнализација.

„Според моите информации што ги имаме, во моментов нема. Во изминатиот период имаме неколку, два автобуси мислам дека беа што се исклучени од сообраќај за да бидам транспарентен и искрен, коишто се исклучени од сообраќај на технички преглед, но не за суштествени неисправни работи како систем за кочење, волан или било што. Туку, за неработење на некое штоп-светло или несоодветна, можеби во моментот, прегорена сијалица или пукнатина на некои стакло коешто тековно… знаете какви се кај нас улиците низ градот, кадешто автобусите се високи и секојдневно настанува нивно оштетување“, изјави за ТВ Телма, Драги Кушовски, директор на ЈСП.

Сепак фотографијата со која располага редакцијата на Градска.мк покажува дека на овој автобус му недостасуваат сите светла. Дали само за ЈСП не важи законот за безбедност на сообраќај на патиштата и како овој автобус поминал технички преглед.

Фото Драган Мишев

Следното прашање беа клима уредите. Се жалат и граѓаните и возачите, дека за време на топлиот бран кога дневните температури достигаа и до 40 степени, тешко е да се биде патник, а камоли возач.

„Автобусите сите имаат клима уреди, но во моментов, сега во базата во Ѓорче Петров, до пред два дена имаше 27 автобуси коишто со неисправни клима уреди, во моментов на седум е отстранет тој дефект и во моментов имаме околу 20 автобуси коишто се подложени на сервис за клима уредите. За дел од тие чекаме и резервни делови да стигнат бидејќи знаете дека се од Кина и малку испораката на резервни делови оди поспоро“, кажа директорот на ЈСП.

Според Кушовски, ЈСП нема проблем со бројот на возачи. Имаат постојан прилив. На прашањето, пак, дали проблемите во претпријатието се должат на т.н. бесплатен превоз за ученици, студенти, пензионери, тој одговори – делумно да. Не посочи кој, но кажа дека некои институции доцнат со исплатата.

„Делумно може да се каже да. Но, повеќе е за тоа што дел од тие категории што ги спомнавте институциите коишто треба да го извршат плаќањето према ЈСП Скопје ненавремено ги измируваат своите обврски. Тие се субвенции за студенти. Ненавремено се извршуваат обврските и тука настанува проблемот во функционирањето на ЈСП Скопје“,

АКТУЕЛНО

Поврзани објави