Search
Search

Комеморација за Мирко Попов во Македонската филхармонија на 5.април

На 5 април (петок), во 11 часот, на малата сцена во Македонската филхармонија ќе се одржи комеморација за еден од највлијателните и најуспешни скопски музичари, композитори, текстописци, диџеи, издавачи и продуценти – Мирко Попов.

Попов почина на 24-март. Претходно неколку дена беше хоспитализиран на скопскиот Клинички центар по мозочен удар.

Мирко Попов беше сеприсутна појава во урбаниот, културниот и јавниот живот на Скопје и пошироко. Редовно настапуваше по кафулиња, дискотеки и фестивали, постојано снимаше и издаваше музика и неуморно промовираше млади музичари.

Автор е на книгата „20 години те сакам“, „Монографија за ПМГ колектив” и на книгата за деца „Розевата планета”, издадена за „Чудна шума“ на македонски и албански јазик. Како музички новинар пишуваше текстови во „Трн“, „Реборн“, „Урбан магазин“, „Тротоар“, „Скопско метро“ и други, објавуваше своја проза, поезија и стрипови во „Маргина“, „Лифт“ и други.

АКТУЕЛНО