Search
Search
Фото: Стојан Стојановски

Кометата А-3 видлива и на македонското небо

„Ц/2023 А-3“ позната како Цучиншан-АТЛАС или скратено „А-3“, беше откриена во јануари 2023 година. Се работи за голема грутка од мраз и вселенска прав што доаѓа од Ортовиот Облак којшто се наоѓа во оддалечените делови Сончевиот Систем и го опкружува Сонцето. Се смета дека тој содржи милијарди ледени тела, вклучително и комети, коишто повремено навлегуваат во внатрешниот Сончев Систем поради гравитационите нарушувања.

Се проценува дека „А-3“ последен пат била близу Земјата пред околу 80.000 години, во предисторијата.

Ако сакате да ja видите, треба да одите некаде подалеку од светлата на градот и некаде каде што вашиот западен хоризонт е чист без планини, згради или шума. За полесно да ја пронајдете, можете да ја користите планетата Венера, која е многу светла и ниско на хоризонтот во самрак.

Скопското астроноско друштво на својот Фејсбук профил објави фотографии од кометата на македонското небо.

 

 

АКТУЕЛНО