Search
Search

„Комунална хигиена“: Неспособноста на Муцунски да се справи со ѓубрето е само негова, ние редовно ги празниме контејнерите

Пред три дена Градска.мк објави фотографии од ужасната состојба во општина Аеродром како се дави во ѓубре, а градоначалникот Тимчи Муцунски за тоа ги обвини службите од јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Сепак тие испратија реакција до нашата редакција во која велат дека нивните камиони редовно ги празнат контејнерите на територијата на Општина Аеродром.

– Во врска со неодамнешното соопштение на градоначалникот на општината Аеродром поврзано со собирањето и транспортот на комуналниот отпад во општината, ЈП „Комунална хигиена-Скопје“ информира дека неспособноста на градоначалникот на Општина Аеродром е само негова, без разлика колку се обидува да ја префрли на туѓа адреса. Контејнерите кои се надлежност на „Комунална хигиена“ се целосно исчистени, редовно и без отстапки. За жал, општинската служба поради неспособното раководство на општината Аеродром е нефункционална – соопштија од градското комунално претпријатие.

Испразнети контејнери во Аеродром / фото: „Комунална хигиена“

Од „Комунална хигиена“ испратија фотографии за кои тврдат дека се од денеска од територијата на Аеродром.

Претходно од Општина Аеродром реагираа дека „Комунална хигиена“ не ги празни редовно контејнерите и дека се затрупани во смет.

Испразнети контејнери во Аеродром / фото: „Комунална хигиена“

АКТУЕЛНО