Search
Search

Концерт по повод 30 години дипломатски односи помеѓу Мадрид – Скопје организиран од шпанската амбасада

Амбасада на Шпанија во Скопје организира концерт по повод 30 години дипломатски односи помеѓу Шпанија и Северна Македонија, што ќе се одржи вечер со почеток во 20 часот во Камерната сала на Филхармонијата.

На концертот, како што соопштуваат од Амбасадата, ќе настапат македонските реномирани уметници – „волшебникот на пијаното“ Дино Имери, како и Камерниот оркестар „ID Chamber Orchestra“, под диригентство на маестра Дијана Имери Илкоска.

Програмата е составена од дела од македонски и од шпански композитори: Томислав Зографски, Вања Ѓумар Николовски, Дијана Имери Илкоска, Дамир Имери, Мануел де Фаља, Фредерик Момпу и Исак Албенис. Некои од делата ќе доживеат скопска и светска премиера, наведуваат од Амбасадата на Шпанија во Скопје.

АКТУЕЛНО