Search
Search

Копер, Опатија и Мостар се регионалните „бисери“ во Европа

Магазинот„Конде Наст Травелер“ направи листа на градови кои ги нема на туристичките мапи на европските патници и се потруди да ги претстави овие дестинации пред своите читатели. Од градовите од нашиот регион, на листата се наоѓаат Копер, Опатија и Мостар, три градови со три различни енергии, со неверојатна убавина, места кои го пречекуваат секој патник како да е роден.

Копер е шармантен бисер лоциран во Истра, град кој ја комбинира венецијанската историја, прекрасните крајбрежја и вкусната кујна. Иако денес често се занемарува во корист на градовите како Дубровник или Сплит, Опатија на север е лулка на туризмот во Хрватска, позната и како „Виена на морето“ поради нејзината Бел-епок архитектура.

Новинарите во својата репортажа изјавија дека Мостар е град на опуштена енергија со мешавина на австроунгарска и отоманска архитектура.

Во градот има бројни ресторани кои нудат исклучително вкусна традиционална кујна.

Тука е и прекрасен стар центар на градот и познатиот мост, по кој градот го добил името. Листата на „Конде Наст Травелер“ содржи 24 дестинации кои кријат природни убавини и атракции кои се подеднакво интересни како и другите далеку попознати градови, како Рим или Париз.

Меѓу градовите кои ги истакнува списанието се Солун, Вилнус, Тирана и други, пренесува Б92.

 

АКТУЕЛНО