Search
Search

Коритото на реката Пена во Тетово како депонија

Коритото на реката Пена, иако годишно се трошат милиони денари за чистење, по само неколку месеци откако ќе се исчисти, во него можете да најдете кујна, кабаст отпад и други работи. Од општината се жалат дека инспекторатот треба почесто да излегува на терен заедно со полицијата за да ги фати луѓето кои прават прекршоци и фрлаат кабаст отпад во коритото на реката Пена.

Од општинскиот инспекторат се правдаат дека откако ќе го исчистат отпадот, преку ноќ тој повторно се трупа.

„Одиме на терен да констатираме, но најголемиот дел од проблемот произлегува од анонимни лица во текот на ноќта, односно надвор од работното време. Но, кога ги фаќаме, поднесуваме пријава во полиција за понатамошна постапка. Казните од општински инспектор за физички лица се 40 евра, за правни лица 1.500 евра, а 150 и повеќе од животна средина“, рече Бајрам Бафќари, инспектор за општински дејности.

Од Секторот за општински дејности велат дека коритото повторно ќе се исчисти, но апелираат да се одржува хигиената.

„Точно е дека има многу кабаст отпад што се фрла од горната населба кај тетовската бања, па надолу кон Дарданија. Тоа е дело на неодговорни граѓани кои овој отпад не го депонираат таму каде што му е местото, туку ја наоѓаат најлесната форма, фрлање во реката, што сериозно ги загадува водата и воздухот. Неколку пати се обративме до инспекторатот кој има овластувања да врши надзор на трасата за да не се фрла отпад од несовесни лица“, рече Мемет Јонузи- сектор за општински дејности.

Токму поради фрлањето кабаст отпад во коритото на реката неколку пати годиниве се поплавуваше речиси целиот долен дел на Тетово.

Извор: Алсат

АКТУЕЛНО