Search
Search

Костадиновска-Стојчевска: Ќе се реновира поранешното кино „Партизан“ во Битола

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска најави дека оваа година ќе почне да се реновира поранешното кино „Партизан“ во Битола, а целта е тој да се претвори во современ, мултифункционален центар.

Идејата, како што посочи министерката, е објектот на поранешното кино „Партизан“ да се претвори во современ, мултифункционален центар, ефикасен за работа, комфорен простор, кој би ја збогатил културната сцена во градот Битола.

-Годинава започнуваме да го реновираме. Ќе биде мултифункционален обејкт. Неколку пати имав можност да се сретнам со нив кога го развивавме проектот, млади луѓе кои што ти ги впиваат идеите. Прво ќе се сработи киното „Партизан“, затоа што мораме да бидеме многу претпазливи со театарот и центарот за култура, не смееме да ги затвориме, бидејќи тоа не е работа во шест месеци. Прво да проработи ова, да имаме алтернативна сцена, вели Кистадиновска-Сојчевска, во интервју за интернет емисијата „Југо“ со Мими Марковски.

Зградата на поранешното кино „Партизан“ е изградена во времето на поранешна Југославија и во неа порано се прикажуваа кино проекции. Долги години работеше како едно од кината во градот Битола, а потоа како и другите две кина во периодот после 1990-те години, беше затворено.

Во 2006 година со одлука на Владата, овој објект му е доделен на користење на НУ Народен театар Битола.

АКТУЕЛНО