Search
Search

Ковачевски ќе разговара со Шукова, откако фотографии од екстремитети и абортирани бебиња се појавија за Дрисла

Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека Владата не управува со депонијата „Дрисла“, туку Градот Скопје, но потенцира дека уште денеска ќе разговара со министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и ресорното Министерство да ги направат контролите и проверите за точно да се утврди што се случува во депонијата.

Имено, Демократското движење заедно со жителите од Каршијака и Батинци, денеска одржуваат протест, затоа што сметаат дека депонијата претставува јавен проблем, здравствен и амбиентален.

„Последните слики објавени на социјални мрежи, каде покрај отпадот видовме и абортирани бебиња и разни екстремитети на луѓе кои се влечат од бездомните кучиња, се надминуваат и најстрашните сцени од хорор филмови, кои истовремено можат да бидат и извор на болести. Ова состојба во континуитет ги става под опасност и тешко им го нарушува здравјето на над 50.000 жители, на село Батинци (која се наоѓа околу 500м далеку), како и на други населени места од регионот на Каршијака, населбата Драчево и пошироко“, велат организаторите на протестот.

„Ова состојба во континуитет ги става под опасност и тешко им го нарушува здравјето на над 50.000 жители, на село Батинци (која се наоѓа околу 500м далеку), како и на други населени места од регионот на Каршијака, населбата Драчево и пошироко.

Затоа, ги повикуваме надлежните институции веднаш да се справат со ова проблематика!“, се додава во соопштението на Демократското движење.

„Точно е дека Владата не управува со Дрисла. Тоа е комунално претпријатие во рамки на Градот Скопје. Она што Владата може да го направи заради граѓаните на Градот Скопје и на било кој друг надвор од државата, тоа државата ќе го направи. Откако ги добив овие информации, јас планирам уште денеска да имам разговор со министерката за животна средина и во рамки на можностите на МЖСПП тие да ги направат своите проверки и контроли, за да се утврди што точно се случува, рече Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање на Скопскиот економски и финансиски форум „SEFF 2023“.

АКТУЕЛНО