Search
Search

Ковачевски – Фон Дер Лајен: Изборот е ваш, сите имаат одговорност за иднината на државата

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на заедничката прес конференција со премиерот Димитар Ковачевски изрази надеж дека партиите ќе ги поддржат уставните промени, бидејќи, како што рече, сите имаат одговорност за иднината на државата.

„Северна Македонија е суверена држава која ги прави сопствените избори, изборот е ваш. И затоа навистина се надевам дека сите страни, партии ќе го искористат тој момент и ќе ги поддржат уставните измени. Се работи за вашата иднина, за вашиот избор  и сите партии имаат одговорност за иднината на Северна Македонија. Ние сакаме СМ да биде членка на ЕУ и се надевам дека токму поради тоа движењето напред ќе биде добро и ќе биде поддржано од широко мнозинство“, одговори на новинарско прашање Дер Лајен.

На новинарско прашање дали во ЕК веќе се разгледува француско германскиот предлог за реформа на ЕУ и дали 2030 година со оглед дека претстојат европските избори е достижна за ваква реформа за Унијата? Таа рече дека работите навистина се менуваат на подобро затоа што она што го гледаме е вистинска динамика во процесот на проширување.

„Сакаме Западен Балкан да се приклучи кон ЕУ, а за тоа треба и вие и ние да се подготвиме. Добро е што сега започна конкретна дискусија во ЕУ што треба ние да направиме ние за да бидеме подготвени, кои се прашањата кои се отворени. Кои се одговорите кои треба да ги дадеме. Ова не беше случај во текот на минатиот мандат, во овој мандат значително се промени нешто и работите стануваат конректни. Затоа мојата молба и охрабрување за движење напред во различните држави од ЗБ, затоа што ова е навистина прозорец на можности којшто сега е отворен. Овој процес не е толку строг, тој се заснова на заслуги и никој не мора да чека одреден датум, може да бидете и побрзи. Колку е подобар процесот на реформи толку побрзо ќе дојде можноста за пристапување и тоа е важно. Има прозор на можности кој е отворен и ајде заедно да го искористиме“, рече Дер Лајен.

Од друга страна премиерот Ковачевски во врска со тоа дали очекува Македонија да го исполни неформалниот рок за промена на уставот до декември, тој рече дека имаме неповторлива шанса да обезбедиме европска иднина за државата со носењето на потребните одлуки во Собранието

„Многу пати сум кажал дека јас сум човек кој верува во остварување на целта и работи целта да се оствари, ние имаме неповторлива шанса да обезбедиме европска иднина за државата со носењето на потребните одлуки во Собранието. Јас се надевам дека оние кои секогаш во историјата биле против европските и атланските интеграции на држава конечно за прв пат во своето политичко постоење ќе покажат во Парламентот дека се за европска иднина на државата. Зошто го велам тоа сега, затоа што како што кажа и претседателката сега има отворен прозорец за пристапување кон ЕУ бидејќи ако пред неколку години оваа тема воопшто не беше тема на широк консензус меѓу земјите членки, сега во овој геополитички момент сите земји се едногласни дека треба да има проширување а проширувањето ако ја погледнете мапата на Европа практично значи обединување на Европа, бидејќи земјите од ЗБ на сите свои граници се опкружени со земји на ЕУ.

Според Ковачевски, ние како држава имаме 50% усогласеност на нашето законодавство со ЕУ, ние имаме институции кои се целосно усогласени со ЕУ, нашиот економски систем е на ниво на перформанси кои овозможуваат да добива макрофинансиска помош од ЕУ ако не е така, нема ни да се разговара за такви прашања.

„Ние како држава имаме 50% усогласеност на нашето законодавство со ЕУ, ние имаме институции кои се целосно усогласени со ЕУ, нашиот економски систем е на ниво на перформанси кои овозможуваат да добива макрофинансиска помош од ЕУ ако не е така, нема ни да се разговара за такви прашања. Затоа сметам дека сите треба да си ја земат одговорноста во свои раце, меѓутоа одговнроста пред сегашните и идните генерации. Со вакви работи не се калкулира, не се прави политчки личен рејтин. СО вакви работи не смее да се игра со емоциите на граѓаните бидејќи тоа ќе значи единствено повторување на оној лош филм кој го гледавме 11 години во држава, кога имавме уназадување на меѓуетничките односи во Северна Македонија, во Македонија. Во кои имавме уназадување на односите со соседите и кога 1 милиментар не мрднавме во евроинтеграциите и кога економијата не ни растеше повеќе од 2% просечно годишно при инфлација од 3%. Затоа велам дека лошите искуства од историјата не смеаат да се повторуваат. Јас ќе продолжам заедно со коалиционите партнери, заедно со лидерите во коалицијата да работиме сонот за европска Македонија да се оствари до 2030 година“, рече Ковачевски.

 

АКТУЕЛНО