Search
Search

Ковачевски: ЕУ има инвестирано преку 3,3 милијарди евра во земјава од првиот ден на нашата независност

„ЕУ е наш најголем финансиски поддржувач. Досега, ЕУ има инвестирано преку 3,3 милијарди евра од првито ден на нашата независност. Само преку ИПА програмите инвестирани се преку една милијарда евра во нови патишта, во водоснабдителни системи, инфраструктурни објекти“ рече премиерот Димитар Ковачевски на трибината „Ние сме Европа“ во Скопје.

Тој додаде дека партнерството со ЕУ значеше и грант од 80 милиони евра за справување со енергетската криза, 100 милиони евра макроекономска помош и 160 милиони евра за буџетска поддршка.

„Забрзувањето на европските процеси значи и нешто друго. Земја членка на ЕУ од регионот во однос на земја која е кандидат како ние, добива 11 пати поголема помош од фодновите по глава на жител. Тоа значи дека кога ќе ги почнеме отворањето на поглавјата и кога ќе започне затворањето на поглавјата се отвораат и европските и структурните фондови. По зачленувањето таа помош е 11 пати поголема од она што е денес“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека секој нов напредок значи пристап и до нови фондови за финансирање за постигнување на зададените цели.

АКТУЕЛНО