Search
Search

Ковачевски: Граѓаните сакаат да живеат во современа држава којашто е дел од ЕУ

Со повик дека е сега вистинско да се обезбеди животниот стандард и квалитетот на живот што сите го посакуваат, како и интеграција во ЕУ, премиерот Димитар Ковачевски го честита 8 Септември – Денот на независноста.

„Ако некогаш било вистинското време: да го обезбедиме животниот стандард што го посакуваме, квалитетот на живот што го заслужуваат нашите млади, да живееме во земја во којашто владее функционално право, во еколошки чиста, зелена средина, енергетски независна држава, со конкурентно земјоделство, со шанси за пристап до европскиот пазар од половина милијарда луѓе – тоа е денес. Интеграцијата во ЕУ за нас дома значи уште поголеми плати, нови работни места и поголем избор, повеќе современи градинки, училишта и болници, многу поголема државна поддршка за домашните претпријатија, уште повеќе странски инвестиции. Граѓаните денес сакаат да живеат во ваква, современа држава, којашто е дел од Европската Унија“, вели премиерот.

Ковачевски нагласува дека денешниот 8 Септември го дочекуваме во напредна држава, членка на НАТО и со реални перспективи за членство во ЕУ до 2030 година.

32 години по прогласената независност на нашата Република, вели тој, 8 Септември денес бара слух од сите нас, за континуиран развој.

 

АКТУЕЛНО