Премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ го промовираа заедничкиот интегриран електронски систем за наплата на патарините.
Станува збор за брзо и ефикасно плаќање на патарините во Северна Македонија и Србија со помош на посебен ТАГ уред за бесконтактно електронско плаќање на патарина, кој успешно функционира и овозможува непреченo движење преку териториите меѓу двете земји.