Search
Search

Ковачевски поднесе оставка и најави дека по изборите повторно ќе биде премиер

Димитар Ковачевски поднесе до Собранието оставка од функцијата претседател на Владата. Според најавата на претседателот на Собранието Талат Џафери, оставките на Ковачевски и на собранискиот спикер треба да бидат констатирани на утрешната собраниска седница.

Со оставката на Ковачевски, во оставка е целата Влада. Ковачевски функцијата премиер ќе ја врши до изборот на техничката влада в недела на 28 јануари.

-Талат Џафери е искусен во водењето на парламентот, јас дојдов со друго искуство, во водење корпорации и имаме различен стил како политичари, но државата сигурно ќе го задржи истиот правец, прозападната ориентација и стратешките цели, техничката влада добро ќе се грижи за граѓаните. Ова е нешто што е предвидено со Закон, а на 9 мај новата влада ќе ја водам јас и коалицијата која ќе ја однесе Македонија во ЕУ до 2030 година – изјави Ковачевски.

 

АКТУЕЛНО