Search
Search

Ковачевски: Тој што најмногу ја кочеше Македонија, прв влезе во земја членка на ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на брифинг со новинарите рече дека опозицијата блокира се што ја движи државата напред.

Ковачевски, алудирајќи на поранешниот прв човек на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, рече дека тој е во земја членка на ЕУ, додека неговата партија се обидува да ја блокира интеграцијата на земјата во ЕУ.

„САД се наш стратешки партнер. Ескобар во интервју ја покажа својата поддршка за одлуките што треба да дојдат од Собранието, додека пораката беше директно до опозицијата, за гласањето на уставните измени. Тие што го кочат процесот немаат профит. Оној што го кочи процесот заврши во ЕУ, а ние останатите остануваме таму каде што сме. Опозицијата блокира се што ја движи државата напред. Опозицијата да не ме поддржува мене, туку граѓаните, ова беше и наредба на Блинкен“, порача Ковачевски.

АКТУЕЛНО