Search
Search

Ковачевски, Заев и Ахмети биле на ручек во Скопје, потврдија од СДСМ

Премиерот Димитар Ковачевски, поранешниот премиер Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети имале заеднички ручек денеска во Скопје.

Според информациите кои ги потврдија од СДСМ средбата траела четири часа, а било разговарано за европскиот фронт и претседателските и парламентарните избори.

Заев и Ахмети последен пат на заеднички ручек се сретнаа пред една година во Струмица.

 

 

АКТУЕЛНО