Search
Search

Крај на гужвите пред МВР – Лични карти и возачки дозволи ќе стигаат на домашна адреса

Ова е потег кој со воодушевување го примија граѓаните на државата. Наместо вие да одите – на домашна адреса ќе ги добиете личните карти и возачките дозволи.

Министерство за внатрешни работи информира дека за да се олесни и забрза процесот на промена на личните документи, почна со пилот проектот на територијата на Скопје за доставување на готови лични карти и возачки дозволи на домашна адреса, преку полициските станици.

МВР исто така ги известува граѓаните дека утре ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во Беко и МРТВ, од 8 до 16 часот.

 

 

 

 

АКТУЕЛНО