Search
Search

Кралицата Камила доби своја верзија на куклата Барби: „Ме претставивте како 50 години помлада“

Британската кралица Камила стана горда сопственичка на сопствена верзија на куклата Барби, а кога ѝ беше врачена со насмевка изјави дека е прикажана како 50 години помлада верзија од себеси.

Компанијата за играчки „Мател“ ѝ ја додели куклата за посветената соработка со фондацијата „Жените на светот“, чиј претседател е самата кралица.

За оваа пригода, кралицата Камила и нејзината кукла Барби беа облечени во иста облека – син фустан на Фиона Клер, црна наметка од Аманда Вејкли и црни чизми на Елиот Зед.

Врачувањето на куклата се случи во автобусот на фестивалот „WOW Girls“, кој ја обиколи земјата промовирајќи ја родовата еднаквост пред конечно да застане пред кралската палата, каде што кралицата Камила го разгледа со Матилда, кралицата на Белгија, и војвотката од Глостер.

Фондацијата „Жените на светот“ е добротворна организација која прерасна во глобална мрежа на настани, чија цел е да се залага за родова еднаквост, да ги препознае достигнувањата на жените и девојките и да ги истражи бариерите што ги спречуваат да го остварат својот потенцијал.

За време на настанот, кралицата се сретна со училишни деца кои работат на проекти за родова еднаквост и накратко разговараше со членовите на фондацијата.

 

АКТУЕЛНО