фото/Државниот пазарен инспекторат

Kривични пријави против маркетите кои не ги почитувале одлуките за цените

Министерот за економија, Крешник Бектеши, најави кривични пријави за трговците кои не ги почитувале владините одлуки за замрзнувањето на цените.

Бектеши кажа во текот на вчерашниот ден биле оземени над 15 тони овошје и зеленчук од страна на надлежните институции, а има п прекршочни пријави и за управителите на Кванташки пазар. Кани за увозници на овошје и зеленук, а и со компаниите кои се занимаваат со малопродажба.

Тој ги објави и имињата на некои од поголемите маркети во земјава кои ја прекршувале одлуката, а меѓу нив ги спомена КАМ, Веро, Кипер, Стокомак, Миса, Тинекс.

„Во петок јавно ќе се покренат кривични постапки“, рече Бектеши.

Одлуката за цените ќе продолжи да важи и во наредниот период.

Директорот на државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски изјави дека на Кванташки биле констатирани многу прекршоци.

Затекнати се трговци кои не водат евиденција во трговија, рече тој, а одземените стоки се предадени до Агенцијата за управување со одземен имот.

Трајковски најави дека од денес сите инспектори кои констатирале прекршок ќе се појавуваат на судските рочишта, и тоа мора да биде пракса. Системот мора да профункционира, додаде тој.

АКТУЕЛНО