Search
Search
ФОТО: Wikimedia commons

Крунисан кралот Чарлс III од Обединетото Кралство

Преку традиционална церемонија, кралот Чарлс III е официјално крунисан за крал на Обединетото Кралство.

Голем број верски водачи, вклучувајќи го и Винсент Николс, католичкиот кардинал од Вестминстер, изразија молитви и желби за кралот.

Принцот Вилијам од Велс клекна на колена во знак на почит пред својот татко. Слична акција презеде и надбискупот од Кентербери.

Британската полиција го уапси Греам Смит, претседател на антимонархиската група „Република“ и уште неколку лица како дел од, како што беше наречена „значајна полициска операција“ пред крунисувањето на кралот Чарлс Трети во сабота.

Десетици илјади луѓе се собраа да ја следат кралската церемонија и воената парада за крунисувањето на кралот Чарлс III во Лондон. Ова е најважниот свечен настан во британската престолнина во последните 70 години, јави агенцијата Ројтерс.

АКТУЕЛНО