Search
Search

Курти: 30 воружени луѓе се обиколени од косовската полиција во и околу Бањскиот манастир

Косовскиот премиер Албин Курти денеска одржа конференција за медиумите во врска со настаните на северот на Косово, на која објави дека „најмалку 30 тешко вооружени професионалци ја напаѓаат косовската полиција“.

Курти го опиша овој напад како финансиран и оркестриран од официјален Белград.

Премиерот на Косово Албин Курти соопшти дека вооружени луѓе се обиколени од косовската полиција во и околу Бањскиот манастир откако во Звечане беше убиен полицаец, а двајца беа ранети.

„Нашите полицајци, откако беа попречени на патот, беа нападнати со различно оружје, вклучително и рачни бомби и палки. „Денеска е тежок ден за нашата земја“, рече Курти.

„Нападите на вооружените групи продолжуваат. Го осудуваме овој терористички напад. Злосторство финансирано од официјален Белград ја напаѓа нашата држава. Ние ги штитиме и спроведуваме законитоста и независноста на Косово“, изјави  Курти.

Според него, „криминалците и нивните поттикнувачи ќе бидат фатени и казнети“.

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија закажа вонредна прес-конференција која ќе се одржи денеска во 14 часот во Палатата Србија.

Претседателот на српското Собрание, Владимир Орлиќ изјави дека косовскиот премиер Албин Курти веднаш побрзал да ги обвини Србите за настаните во Бањска и дека секој сериозен прво би видел што точно се случило, па потоа да коментира.

 

АКТУЕЛНО