Курти доби повик од САД, се согласи за нови избори на северот од Косово

Косовскиот премиер Албин Курти оствари телефонски разговор со заменик-советникот за национална безбедност на САД, Џон Финер. Курти со согласи со Финер за соработка со САД за деескалација на тензиите на северот и одржување нови избори.

Ова го соопшти Курти преку објава на Твитер.

„Среќен што зборував со заменик-советникот за национална безбедност на Соединетите Американски Држави, Џон Финер. Му се заблагодарив за повикот и ветив дека ќе соработувам со САД за деескалација на тензиите“, изјави Курти.

Тој порача дека веднаш да има прекин на насилството од „бандите поддржани од Белград“, до, како што вели, распишување нови избори во овие општини.

„Ова бара итен прекин на насилството од бандите поддржани од Белград од безбедносните службеници до нови избори во овие општини“, напиша тој.

АКТУЕЛНО