Search
Search

Лајка започна со стратешко заловување во општина Чаир

Oваа работна недела заловувачкиот тим на ЈП Лајка започна со стратешко заловување во општина Чаир.

Имено, нашиот тим на заловувачи оваа недела (10-14. Јули) ќе заловува во општина Чаир и ќе ги посети следниве локации: бул. Цветан Димов, ул. Џон Кенеди, ул. Ферид Бајрам, ул. Дижонска, ул. Втора македонска бригада итн.

Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овие реони а кое го нема поминато хуманиот третман.

Исто така граѓаните може и да помогнат во акцијата, со тоа што сами би пријавиле бездомно куче, кое можат сами да го донесат во стационарот со претходна најава.

АКТУЕЛНО