Search
Search

Лавров: Ќе дојдам во Скопје ако Бугарија го отвори воздушниот простор

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вели дека ќе учествува на состанокот на ОБСЕ во Македонија но само доколку Бугарија го отвори својот воздушен простор. Вели дека веќе добил неколку барања за средби, вклучително и од западни претставници.

„Очигледно Бугарија ѝ ветила на Македонија дека ќе го отвори нејзиниот воздушен простор, ако тоа се случи, тогаш ќе бидеме таму. Ајде да видиме“, вели Лавров на конференција во Москва.

Претходно македонската влада одлучи да се тргне забраната за прелет на рускиот авион со кој руската делегација, вклучително и шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, ќе може да слета во Скопје, откако претходно министерствата за одбрана и за надворешни работи ќе дадат одобрение за прелет и слетување.

 

АКТУЕЛНО