Лазаревски: Ги отфрлам сите обвинувања од страна на ДКСК

Во целост ги отфрлам сите невистинити и тенденциозни обвинувања од страна на Државната комисија за спречување на корупција, вели првиот човек на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски. Ваквата реакција на Лазаревски следи по одлуката на Антикорупциска да поднесе иницијатива за одговорност до Владата и за кривично гонење за несовесно работење и трошење на буџетски средства на директорот на Агенцијата за филм.

Ние не вработуваме ова не е приватна фирма па јас кога сакам да вработам некого. Зошто не сум имал вработувања редовно. Прво затоа што четворица си дале отказ од оваа институција. Второ во 2021 и 2022 ние сме поднеле барање до надлежните институции за редовно вработување на луѓе во институцијата, но не сме добиле позитивен одговор, изјави Бојан Лазаревски, директор на Агенција за филм.
Според Лазаревски дискутабилно е коментирањето на извештај на Државниот завод за ревизија и вадење од контекст на препораки дадени во истиот извештај во услови кога Агенцијата за филм во целост постапила по препораките кои ги дал Државниот завод за ревизија, и тоа во Законски предвидениот рок од 90 дена, за што се известени и Заводот за ревизија и Владата.

Да има било што со факти изнесено јас немам никаков проблем да го коментирам со било кој дали со ДКСК дали со Влада, дали со Министерство за култура, но овде разговараме за тотално нејасни работи, вели Лазаревски.
Во меѓувреме Лазаревски додаде дека ниту неговата сопругата, ниту било кој друг член на неговото потесно семејство бил на сметка на Агенцијата за филм, кога станува збор за службени патувања и вработувања.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави