Search
Search

Лога: Со почетокот на работното време ќе ја започнеме соодветната постапка за екстрадиција

Министерот за правда Кренар Лога во изјава за 4NEWS.mk вели уште утрово со почетокот на работниот ден ќе започнат со подготовка на соодветната документација за екстрадиција на Љупчо Палевски Палчо.

„Од почетокот на работното време ќе ја започнеме соодветната постапка“, вели министерот за правда Кренар Лога.

Инаку вчера турската полиција го уапси првоосомничениот за убиството на Вања и Панче. Официјално започната е и истрага, а кривичната пријава е напишана на повеќе од 100 страници.

Опфатени се 5 лица, еден за грабнување и убиство, тројца за грабнување и соизвршување на убиство и еден за помагање при грабнување.

АКТУЕЛНО