Search
Search

М-НАВ ќе плати 600 евра казна за пропусти при вработувањата

Без образложение, зошто некои работници се ангажирани, а други кои исто така ги исполнувале условите отпаднале од трката, Македонска навигација направила серија пропусти во постапките за вработување. Ова го утврди вонредниот надзор на трудовата инспекција, a под лупа беа ставени четири јавни огласи за вработување.Во извештајот е нотирано дека работодавецот не доставил писмен доказ за спроведено интервју со кандидати, а барал и да исполнуваат услови кои не биле предвидени во самата систематизација.

„Работодавецот без основа ги поништил одлуките на четворица кандидати за работните места студент-инженер и студент-техничар и покрај тоа што можел да спроведе законска постапка за вработување и во фискалната 2024-та година“, стои во соопштението.

Прекршувањето на законот ќе го чини М-НАВ 600 евра, додека одговорните лица се казнети со по 400 евра глоба, велат од Инспекторатот.

АКТУЕЛНО