Македонците во Албанија го одбележаа Денот на светите браќа Кирил и Методиј

Во организација на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, а во соработка со здруженијата на Македонците со потекло од Егејска Македонија, денеска им беше оддадена почит на семакедонските и сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, за нивното големо дело, ширењето на словенската писменост.

На настанот, што се одржа во Музејот „Стерјо Спасе“ во село Глобочани, претседателот на партијата Васил Стерјовски оцени дека солунските браќа се исклучителни личности, чие дело во ширењето на словенската писменост останува фундамент во нашата култура и образование.

-Македонците од Албанија, сме горди наследници на нивната мисија, продолжувајќи да гo чуваме и негуваме македонскиот јазик, култура и традиции. Ова манифестација е одраз на нашата заедничка решеност да го зајакнеме и сочуваме македонскиот идентитет преку границите, рече тој.

Исто така, додаде, не можеме да останеме неми на историските настани кои ги обележаа Македонците од Егејскиот дел на Македонија.

Нивната борба и страдања, нагласи тој, особено за време на граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, оставија длабоки рани. Поддршката на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија и на секоја иницијатива за враќање на нивните права е израз на нашата солидарност и обврска кон правдата.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави