Search
Search

Македонија на листата на најевтини дестинации за 2024 година: Нема многу криминал, задолжително да се посети Охрид

Кога планираме одмор, предвид земаме повеќе фактори – од наоѓање евтини места за патување и безбедност на саканата дестинација, до сместувањето.

Една од работите која влијае на одлуките се и парите кои ќе ги потрошите таму. Кога ќе се соберат сите трошоци кои се потребни за одење на одмор, поголемиот дел од луѓето им оставаат предност на местата кои чинат помалку, но и натаму се неверојатни за посета.

Луксузното списание за патувања „Конде Наст“, кое постои од 1986 година, објави листа со најевтини дестинации кои вреди да се посетат во 2024 година. Меѓу нив се најдоа и четири регионални држави – Македонија, Албанија, Србија и Унгарија.

 
Македонија

Во статијата се истакнува дека во Македонија нема многу криминал, а се советува задолжителна посета на Охрид.

„Во Охрид има улици со калдрма и необични цркви, нешто што се очекува од еден европски град, со дополнителна предност што се наоѓа на крајбрежјето на неверојатно убавото и биолошки разновидното Охридско Езеро“, пишуваат тие.

Охрид, Македонија / Фото: Pexels

Албанија

Што се однесува до Албанија, во статијата се вели дека таа станала вистинска туристичка дестинација.

„Албанија е многу поевтина од другите европски земји и малку е под радарот како туристичка дестинација, што значи дека сѐ уште постои прилика да се посети пред да се прочуе за неа и да настане голем метеж“.

албанија море
Плажа кај Химара, Албанија / EPA/ARMANDO BABANI

Србија

„Белград продолжува да се истакнува како еден од највозбудливите културни епицентри во Европа, но значително е поевтин од Париз или Берлин (барем за сега).

Релативно лесно може да се најде хотел под 100 долари, иако сместувањето не е толку важно доколку поминете ноќ танцувајќи во клубовите ширум градот.

Но, доколку сакате малку да одморите и да го истражите богатството на Белград, музеите и инсталациите на современа уметност се неверојатни“.

Фото: Pexels

Унгарија

„Поволната унгарска економија е одлична вест за сите кои планираат да патуваат во Будимпешта, каде сѐ поголем дел од рестораните се со Мишелинови ѕвезди.

Градот штотуку ја прослави 150-годишнината во ноември 2023 година, што значи дека постојат повеќе причини за негова посета годинава“, се вели во текстот на „Конде Наст“.

Фото: Pexels

Целата листа со евтини дестинации:

  • Унгарија;
  • Јужна Кореја;
  • Мексико;
  • Монголија;
  • Виетнам;
  • Бразил;
  • Јужна Африка;
  • Шри Ланка;
  • Костарика;
  • Филипини;
  • Мадагаскар;
  • Египет;
  • Малезија;
  • Индија;
  • Србија;
  • Македонија;
  • Непал;
  • Гамбија;
  • Индонезија;
  • Албанија;
  • Узбекистан.
 

АКТУЕЛНО