Кога планираме одмор, предвид земаме повеќе фактори – од наоѓање евтини места за патување и безбедност на саканата дестинација, до сместувањето.
Една од работите која влијае на одлуките се и парите кои ќе ги потрошите таму. Кога ќе се соберат сите трошоци кои се потребни за одење на одмор, поголемиот дел од луѓето им оставаат предност на местата кои чинат помалку, но и натаму се неверојатни за посета.
Во статијата се истакнува дека во Македонија нема многу криминал, а се советува задолжителна посета на Охрид.
„Во Охрид има улици со калдрма и необични цркви, нешто што се очекува од еден европски град, со дополнителна предност што се наоѓа на крајбрежјето на неверојатно убавото и биолошки разновидното Охридско Езеро“, пишуваат тие.
Албанија
Што се однесува до Албанија, во статијата се вели дека таа станала вистинска туристичка дестинација.
„Албанија е многу поевтина од другите европски земји и малку е под радарот како туристичка дестинација, што значи дека сѐ уште постои прилика да се посети пред да се прочуе за неа и да настане голем метеж“.
Србија
„Белград продолжува да се истакнува како еден од највозбудливите културни епицентри во Европа, но значително е поевтин од Париз или Берлин (барем за сега).
Релативно лесно може да се најде хотел под 100 долари, иако сместувањето не е толку важно доколку поминете ноќ танцувајќи во клубовите ширум градот.
Но, доколку сакате малку да одморите и да го истражите богатството на Белград, музеите и инсталациите на современа уметност се неверојатни“.
Унгарија
„Поволната унгарска економија е одлична вест за сите кои планираат да патуваат во Будимпешта, каде сѐ поголем дел од рестораните се со Мишелинови ѕвезди.
Градот штотуку ја прослави 150-годишнината во ноември 2023 година, што значи дека постојат повеќе причини за негова посета годинава“, се вели во текстот на „Конде Наст“.
Целата листа со евтини дестинации:
- Унгарија;
- Јужна Кореја;
- Мексико;
- Монголија;
- Виетнам;
- Бразил;
- Јужна Африка;
- Шри Ланка;
- Костарика;
- Филипини;
- Мадагаскар;
- Египет;
- Малезија;
- Индија;
- Србија;
- Македонија;
- Непал;
- Гамбија;
- Индонезија;
- Албанија;
- Узбекистан.