Search
Search
Фото - Од ФБ профилот на Косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечла

Македонските граѓани кои вчера беа во хотел во близина на манастирот во Бањска, Косово, утрово тргнаа за дома!

По извршените вообичаеното интервју и анализа од страна на полицијата на Република Косово, утрово нашите државјани безбедно се упатени кон дома, придружувани од косовската полиција. Околностите во кои тие се најдоа беа сложени, имајќи предвид дека беа сместени во хотел, во непосредна близина од каде се случи вооружениот напад врз полицијата.

-Во текот на вчерашниот ден косовската полиција беше веднаш соодветно известена за оваа ситуација по редовните канали, а јас лично разговарав и со мојата колешка Доника Гервала – Шварц. Низ целиот процес, косовските служби ја гарантираа безбедноста на нашите државјани, а нашата амбасада во Приштина беше во постојан контакт со нив, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи преку социјалните мрежи.

АКТУЕЛНО