Search
Search

Мал број македонски компании со „Стандарди за одржливост“, тоа е реален проблем за извозот

Европската Унија донесе низа директиви и можности со кои ги мотивира граѓаните да се обединат во задруги. Според овие директиви, граѓаните имаат право да формираат профитни или непрофитни организации со кои ќе се заштитат самите од „монополите“ и ќе можат да инвестираат во производи кои можат да ги произведат самите. Најмногу сегментот на енергија.

Стопанската комора на Северна Македонија излезе со став дека мал број македонски компании ги имаат имплементирано „еколошките стандарди“ на ЕУ.

„Комората си води сопствен регистар според кој некаде околу 160-170 компании го имаат имплементирано основниот стандард ИСО 9001. Мал е бројот на компаниите кои го имаат имплементирано стандардот ИСО 14001. Сега за сега манипулираме со бројот 20-ина компании, меѓутоа интересот станува се поголем и поголем. Очекуваме таа бројка да расте, рече Емилија Тодоровска од Стопанската комора на прес-конференцијата одржана во понеделникот.

Дека треба да се работи на ова поле, смета и Ангел Димитров од „Организацијата на работодавачи.

„Компаниите кои работат т.е. извезуваат во ЕУ веќе имаат разни сертификати за почитувањето на социјални или еколошки стандарди. Најголемиот број на текстилните компании веќе имаат добиено БСЦИ сертификат од Амфори кој се однесува за социјалниот менаџмент, заштита на работнички права, недискриминација и друга заштита на вработените. Некои компании имаат добиено и ОЕКО-ТЕХ сертификат од STeP кој покрај социјалните стандарди ги опфаќа и заштита на животната средина и работа со хемиски материјали.

Текстилниот кластер има добиено сертификат со кој може да врши обуки на компаниите за добивање на БСЦИ сертификатот. Покрај кластерот во Македонија постојат неколку компании кои се бават со сертификација и кои можат да дадат одредени насоки и помош на компаниите.

Се разбира дека сето ова чини средства и компаниите кои не добиваат никаква помош од странските партнери мораат овие трошоци да ги сносат самите. Министерството за економија има на неколку пати огласи со кои ги повикува компаниите кои имаат вакви трошоци да добијат субвенции за истите. Трошоците не се однесуваат само на добивање на сертификатот туку и трошоците за разни испитувања, елаборати, вежби, обуки, уредување.

 

Извор 24 Инфо

АКТУЕЛНО