Малолетници демолирале игралиште во општина Центар

Снимка на која малолетници уништуваат парк и урбана опрема во скопски Капиштец се шири по социјалните мрежи, а истата од Општина Центар ја препратија и до јавноста. На видеото се гледа како млади момчиња кршат дел од реквизитите на игралиштето, дополнително било обиено и местото каде се чувала опремата за хортикултурно одржување на населбата и биле украдени и искршени лопати, гребла и дувалки.

Градоначаникот на Општина ценар Герасимовски вели дека оваа случка ја прели чашата и дека мора да се најде решение за ова дивијатно однесување.Toj вели дека полицијата е известена, снимките се предадени и се очекува понатамошно дејствување на полицијата.

„Има повеќе штетни ние редовно ги санираме и не само на ова игралиште туку и на останатите она што го направивме како оштина во последната седница на совет е во ребалансот на паричните средства поставување на камери на повеќе локации низ општината односно детските игралишта каде што во ночните часови се случуваат овие дивијатни однесување во делот на нашите млади целта ни е заедно со мвр ова да го спречиме и граѓаните да не живеат во ваква атмосфера.“ – изјави Горан Герасимовски градоначалник на Општина Ценар.

Од министерството за внатрешни работи велат дека превземаат мерки за утврдување на сторителите и за расчистување на случајот.

„СВР Скопје презема мерки за утврдување на сторителите на овој чин и за расчистување на случајот. Во насока на превенција од вакви настани раководството на СВР Скопје одржа работен состанок со градоначалникот на општина Центар, каде беше договорено заедничко делување во решавањето на актуелните проблеми во општина Центар во насока на воспоставување на посакуваниот ред, мир и спокој на граѓаните од оваа општина.“ – изјави Гоце Андреевски порпарол МВР.

Покрај институциите Герасимовски ги повикува и граѓаните и родителите на будност и блискост со своите деца. Маалските паркови во Скопје во текот на летните месеци од годината се главното собиралиште на младите. Речиси секоја година има пројави против млади лица кои го уништуваат и демолираат паркот.

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави