Search
Search

Малолетници се пресметале во автобус на ЈСП, скршиле и стакло!

На 04.04.2024 во 14.20 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје привеле двајца малолетници од Скопје.

Тие се сомничат дека околу 14.10 часот во автобус на ЈСП на подрачјето на Гази Баба со уште неколку други малолетници физички нападнале двајца други малолетници, исто така, од Скопје, при што оштетиле и стакло на автобусот.

АКТУЕЛНО