Search
Search

Маричиќ: Ако опозицијата не блокира, 2030 е реална година за влез во ЕУ

– 2030 година е реален рок за влез во ЕУ доколку опозицијата не реши да не блокира. По прв пат имаме карта во наши раце. Не зависи од никој друг туку од нас. Нема консензус затоа што опозицијата реши прашањето за блокадата на ЕУ да го превземе како своја клучна политичка стратегија – рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за ВИС.

Тој додава дека бугарски диктат е само изговор на опозицијата.

– Замислете за седум години кога ќе имаме сцена во која Украина, Молдавија и уште три држави да речеме Србија Гора и Албанија влегуваат во ЕУ, а ние не бидеме на таа сцена, само затоа што не сме сакале оваа година да ги вметнеме Бугарите во нашиот Устав заедно со сите наши заедници. Тоа  никогаш нема да ни го простат младите луѓе и нашите деца- вели вицепремиерот.

Тој смета дека има доволно време да се работи и со лидерите на ВМРО ДПМНЕ и со  поединци од партијата  за кои што е  убеден дека разбираат дека е ова преголем товар и како политичари не треба да ја пропуштат оваа можност и да ги заробат граѓаните уште во 10 годишно чекање за подобри времиња и подобри шанси кои никогаш нема да дојдат.

-Заблудите на ВМРО ДПМНЕ дека е можно пак да се преговара, дека е можен подобар договор, дека може да ослабне Бугарија и нејзината позиција во текот на овој период, мислам дека се убави слатки заблуди кои што многу скапо ќе не чинат на крајот и ќе не чинат долгогодишно пропуштање  на оваа прилика- вели Маричиќ.

Земјава нема друга опција освен ЕУ

-Опција Б ние немаме. Опција Б е долгогодишно чекање и уништување на оваа прилика, чекање на подобри времиња и влегување во некој лош филм дека ние ќе ги смениме правилата во ЕУ. Дали и кога ќе се сменат правилата во ЕУ не зависи од нас. Ние треба да го направиме тоа што зависи од нас. А тоа се реформите и Уставните измени- рече Маричиќ.

Тој смета  дека држава која во 2001 го сменила концептот на Уставот и има наведено веќе неколку заедници, не треба да има проблем да додаде уште неколку заедници кои што се наши граѓани и барат да извлечат права согласно

АКТУЕЛНО