Search
Search

Маск вработи гениј, 14-годишно момче, најмлад софтверски инженер

Каиран Квази, кој има само 14 години, интервјуто за оваа работа го опишал како „технички предизвикувачки“ и „забавно“. На својот профил на Линкдин, тој се пофалил дека се приклучува на најдобрата компанија „Спејкс икс“, во тимот на „Старлинк“.

„Ќе се приклучам на најдобрата компанија на планетата како софтверски инженер во тимот на „Старлинк“. Ова е една од ретките компании што не ја користеше мојата возраст како услов за мојата зрелост и способност“, напишал Квази.

Младиот Квази наскоро ги завршува студиите на Факултетот за инженерство, на Универзитетот Санта Клара, со што е прогласен за најмладиот човек што дипломирал во 172-годишната историја на оваа институција.

Мајката на Квази знаела дека тој е уникатно младо момче, бидејќи на две години почнал да зборува и да комуницира со целосни реченици. Во градинка на своите врсници и наставнички им ги пренесувал вестите и интересните информации што ги слушал на радио.

Во консултација со експерти, неговите родители го запишале на Државниот колеџ во Калифорнија на деветгодишна возраст, а веќе на единаесет години, ги започнал студиите за компјутерски науки и инженерство на Универзитетот Санта Клара.

Поради новата работа, Квази планира да се пресели со својата мајка од Плесантон, Калифорнија во Редмонд, Вашингтон, каде што е седиштето на „Спејс икс“.

АКТУЕЛНО