Search
Search

(ВИДЕО) Матка, Градски парк или Старата скопска чаршија – Каде скопјани го поминуваат слободното време?

Во еден голем град како Скопје, граѓаните имаат свои преференции за тоа каде го поминуваат слободното време што го имаат на располагање.

Скопје може да се истакне со неколку локации на кои можете да застанете и да поминете неколку часа за да се освежите.

Современиот урбан стил на живеење ги поттикнува граѓаните да ги истражуваат алтернативните културни и разноразни урбани понуди што природно ги нуди Градот.

Тука секогаш е Градскиот парк или „зелениот бисер“ на Скопје, каде скопјани поминуваат одредено време за релаксација. Тука сигурно е Старата скопска чаршија, па градскиот плоштад, Матка и така натаму.

Градска редакција  ги праша граѓаните каде го поминуваат еден дел од денот каде што се чувствуваат најудобно за да ги смират нервите.

Скопје, со својот разнообразен градски пејсаж, продолжува да ги одржува и задоволува преференциите на своите граѓани, креирајќи жива и динамична сцена за секојдневно живеење.

Меѓутоа Скопјани велат дека иако имаат каде да ги „испружат нозете“, сепак нечистота и јавен ред остануваaт хроничен проблем на градот.

АКТУЕЛНО