Search
Search

Маж од Детроит преживеал откако паднал од мост висок 45 метри, го спасил екипаж на брод за испорака на пошта

Маж од Детроит преживеал откако паднал од мост висок 45 метри, го спасил екипаж на брод за испорака на пошта Човек кој работел како градежен работник преживеал пад од 45,7 метри во реката Детроит од мост што ги поврзува американската сојузна држава Мичиген и Канада, пренесе АП.

Човекот бил спасен од екипажот на бродот за испорака на пошта. „Колку беше силен ударот покажува дека поголемиот дел од облеката му е искината.

Работните чизми сè уште беа на него, а панталоните околу глуждовите“, рече Сем Бјукенан, капетан на бродот. Бјукенан рече дека човекот бил пренесен на брегот, каде што го презеле медицинските лица од Детроит.

„Ни беше полесно кога видовме дека може да разговара со нас, но се изгуби. Постојано прашуваше што се случи со него, а ние му рековме дека паднал од мостот“, рече Бјукенан.

АКТУЕЛНО