Mажот кој утрово се самозапали пред хрватската Влада e во животна опасност има изгореници од четврт степен

Лекарите од Клиниката за трауматологија соопштија дека мажот се здобил со изгореници од четврти степен речиси по целото тело и дека неговиот живот е во животна опасност и моментално е без свест.

-Вакви изгореници одамна немаме видено, ќе се обидеме да го спасиме, рекоа лекарите, додавајќи дека прогнозата е лоша. – Но, да му дадеме шанса на човекот, додадоа и потврдија дека се работи за човек кој има 67 години.

Истражната екипа на криминалистичката полиција дошла на Клиниката за трауматологија каде се лекува човекот кој утрово се самозапали на Марково трг. Ќе ги земат сите докази и остатоците од облеката што мажот ја носел во моментот кога се самозапалил.

„Добивме дојава од Владата дека човек се самозапалил, дотрчавме до него, веќе беше изгаснат, но со изгореници по целото тело бидејќи беше целосно полиен со бензин. Дишеше, контактибилен и само извикуваше: „Торба, торба“. Претпоставувам дека мислеше на чантата што беше во негова близина. Му дадовме инјекција со опијати, кислород, а итната помош го однесе кај Драшковиќева“, изјави за 24 часа пратеничката докторка Гордана Штајмингер.

Пред зградата на Владата бил и претставникот на партијата ,,Ние можеме” Дамир Бакиќ, во телефонски разговор за РТЛ рекол дека видел човек како се полева и истрчал кај обезбедувањето, но полицајците од Бански двор биле побрзи и дотрчале со противпожарни апарати, вели тој.

– Во шок сум, не можам да си дојдам на себе – рекол Бакиќ.

Премиерот Андреј Пленковиќ и неговите соработници веднаш штом дознал за немилиот настан излегле на плоштадот Свети Марко.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави