Search
Search
Фото/Градска редакција

Мазнева не постапува по одлуките на трудова инспекција, не ги враќа вработените на работа

Директорката на ЈП Комунална хигиена Косана Мазнева  не ја почитува одлуката на Државниот инспекторат на трудот при Министерството за труд и социјална политика  кои по инспекциската вонредна контрола утврдиле дека неосновано се избркани 31 вработен од ЈП Комунална хигиена-Скопје.  Во решението кое го обезбеди Градска редакција се вели дека ЈП Комунална хигиена не постапила по првичното решение на инспекторатот па сега име е доставено второ решение кое по 10 дена треба да постапи и да ги поништи одлуките за отказ на 31 вработен од комуналец.

„Заради проверување на наводите во претставката врз основа на член 256 од Законот за работни односи, извршен е вонреден инспекциски надзор, кај работодавачот ЈП Комунална хигиена Скопје и за утврдената фактичка состојба составен е записник ИП1 број 09-1057 од 19.07.2023 година и донесена е решение ИП1 број 09-1057 од 01.08.2023 година, со кое е изречена инспекциска мерка опомена во рок од 10 дена да се отстранат утврдените неправилности, односно работодавачот да донесе писмен акт со кој ќе ги поништи одлуките за откажување на договорите за вработување без отказен рок за 31 работник. Со оглед дека работодавачот во определениот рок не постапил по наведеното решение, на ден 15.08.2023 година составен е записник ИП1 број 09-1057 и донесено е решение ИП1 број 09-1057 од 25.08.2023 година, со кое е изречена инспекциска мерка наредба во рок од  10 дена да ја отстрани погоре наведената неправилност„ се вели во одлуката на Државниот инспекторат за труд при Министерството за труд и социјална политика.

Потсетуваме дека поради штрајк  на неколку вработени во ЈП Комунална хигиена Скопје, директорката Косана Мазнева им даде отказно решение на 34 вработени во ова јавно градско претпријатие.

Исто така Градска редакција информираше дека ЈП Комунална хигиена ги врати на работа само  шестмината вработени и тоа со одлука на Управниот одбор на претпријатието .

Н.Ш

АКТУЕЛНО