Search
Search

Министерот: Колку треба да ми биде платата? – Новинарот: Колку граѓаните, 500 евра!

„Па, колку мислите дека треба да бидат платите на функционерите?“ – е прашањето што министерот Фатмир Бесими го упати до новинарката Џумадија Ибрахими, кога таа ја праша за висината на платите на функционерите, зголемени неодамна со одлуката на Уставниот суд.

Новинарката понатаму појасни дека тоа се прашања на кои граѓаните сакаат да ги знаат одговорите.

Фатмир Бесими: Откако го поставивте ова прашање дали заслужуваме толку, ве прашав колку мислите дека треба да биде!

Новинарката: Колку граѓаните, 500 евра?!

Фатмир Бесими: Ако ја проценам мојата плата во Светска банка кога бев, и на други универзитети…

Новинарката: Колку земавте?

Фатмир Бесими: Па, тоа е неспоредливо со она што го добивам сега.

Понатаму, министерот стави до знаење дека целта на еден функционер не треба да биде платата, туку обврските за преземање одговорност од јавен интерес. Тој додаде дека платите на функционерите во Македонија се помали во споредба со функционерите во државите од регионот.

АКТУЕЛНО