Search
Search

Министрите за надворешни работи од регионот потпишаа декларација за борба против корупцијата

Министрите за надворешни работи од регионот попладнево на маргините на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје потпишаа заедничка декларација за борба против корупцијата.

Текстот на заедничката декларација го потпишаа македонскиот министер Бујар Османи, српскиот министер Ивица Дачиќ, министерот на Црна Гора, Филип Ивановиќ, албанскиот министер Игли Хасани и министерот на Босна и Херцеговина, Елмедин Конановиќ.

По потпишувањето на изјавата, министерот и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, посочи дека заедничката декларација препознава оти корупцијата го ослабнува владеењето на правото, ја разнишува довербата во институциите и ги загрозува социјалниот и економскиот развој и просперитет како и стабилноста и безбедноста.

„За успешна борба против корупцијата во регионот на ОБСЕ клучен е заедничкиот пристап и јасната политичка волја. Декларацијата ја нагласува нашата решителна и безусловна определба да работиме заедно за спречување, сузбивање, истражување и кривично гонење на корупцијата во Југоисточна Европа“, изјави шефот на македонската дипломатија.

Османи нагласи дека согласно декларацијата, борбата против корупцијата ќе се води со употреба на финансиски истраги, дигитализација и врќање на имотот стекнат преку криминални активности.

АКТУЕЛНО