Search
Search

Мистериозно труење од пијалоци во Хрватска, властите со порака: „Најдобро е да пиете вода“

Три лица завршија во болница во хрватскиот главен град Загреб, и едно лице во Ријека поради сомнеж за труење со газиран пијалок. Полицијата направи истрага на Природно-математичкиот факултет во Загреб, каде што наводно едно лице се затруло со пијалок. „Индекс“ пренесува дека денеска уште шест нови лица се пожалиле на проблеми, но не се хоспитализирани.

Хрвтскиот завод за јавно здравје доби примероци од сомнителниот пијалок кое ги достави Санитарната инспекција после проверката во едно кафуле во кое неодамна едно лице се пожали на проблеми, а анализите ќе бидат доставени до Државниот инспекторат.

Министерот за здравство на Хрватска Вили Берош, кажа дека граѓаните не може да се чувствуваат сигурно.

„Немам одговор на прашањето дали граѓаните може да се чувствуваат сигурно, ниту некој може да го каже тоа. Имаме два пијалоци во различни градови, полнети во различни две земји… Најдобро е да пиете вода“, рече Берош.

 

АКТУЕЛНО