Search
Search

Митко Јанчев објави фотографии од огномет за одбележувањето на денот на убивањето на 12-те деца од Ваташа

Само во Македонија одбележување на една трагична судбина на 12-те ваташки младинци се прави со огномет.

Со фотографии од огнометот се пофали и градоначалникот Митко Јанчев, кој го напиша и следниов статус.

– Во предвечерието на најголемиот масакр во Втората светска војна, кога свирепо беа стрелани 12 Ваташки младинци, жителите на селото Ваташа вечерва со пригодна програма ќе им оддадат достојна почит на младите животи кои го дадоа својот живот за татковината.
Да не се повтори… Да нема ваков настан… Да не се заборави!, напиша во својот фејсбук статус на Митко Јанчев.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=814883693328967&id=100044220320067&mibextid=Nif5oz

Следуваа жестоки реакции. Дел од граѓаните на социјалните мрежи ја покажаа својата згрозеност, некои дури го прашаа градоначалникот дали знае за што служат огнометите, сметајќи дека ваков вид на прослава за ваков настан е крајно непочитување кон починатите.

Извор: Центар.мк

АКТУЕЛНО